ТУРСКИ ЛОКУМ ОД 3 СОСТОЈКИ…Многу вкусен десерт за со кафе…Еве што ви е потребно за да го подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша скроб/нишесте/густин (120 г)
3 чаши сок од портокал (600 мл)
1 чаша шеќер (160 г)
кокос за валање
ПОСТАПКА:
1.Сите состојки измешајте ги во тенџере, да нема грутчиња. Ставете на слаб оган да се загрева и мешајте непрекинато 25 минути додека да згусне.
2.Смесата сипете ја во калап кој претходно сте го навлажниле со ладна вода. Оставете да се олади на собна температура, па оставете го во фрижидер 24 часа или најмалку 4-5 часа.
3.Следниот ден исечете го на коцки, валајте ги во кокос и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.