ТУРСКИ КОХ со чоколадо и ореви…Сочен колач со мерка на чаша…Нема да ви се верува колку е сочен овој чоколаден десерт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

5 јајца
1 чаша шеќер
1 ванилин шеќер
1 чаша масло
1 чаша млеко
2 чаши брашно
5 лажици какао
1 прашок за печиво

За прелив:
3 чаши млеко
1/2 чаша масло
1 чаша шеќер
1 ванилин шеќер
5 лажици какао
100 г чоколадо за готвење
За декорација: ореви

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата додека смесата да згусне. Потоа додајте масло и млеко, па кратко промешајте. Сипете го брашното, прашокот за печиво и какаото. Соединете сè со миксер.

Смесата сипете ја во плех 36х21 см обложен со хартија за печење и печете 30 минути во загреана рерна на 190 степени Целзиусови.

ТУРСКИ КОХ СО ОРЕВИ: Сочен и многу вкусен, се топи во уста

Додека се пече бисквитот, подгответе го преливот. Во тенџере сипете млекото, масло, шеќер и ванила. Кога ќе се загрее и шеќерот ќе се растоши додајте го какаото и чоколадото.

Мешајте, а кога ќе зоврие тргнете го тенџерето настрана и оставете малку да се подизлади.

Печениот бисквит оставете неколку минути да се подизлади, па превртете го за да ја извадите хартијата, па вратете го пак назад во плехот. Избоцкајте го со чепкалка за заби и исечете го на коцки.

Потоа рамномерно залијте го со преливот (топло со топло). Колачот добро изладете го во фрижидер преку цела ноќ. При послужување, секоја коцка посипете ја со малку сечкани ореви. Постапката погледнете ја ОВДЕ.