Home архива ТУРСКИ ЧОКОЛАДЕН РАЈ СО ОРЕВИ…Сочен колач што се топи во уста…

ТУРСКИ ЧОКОЛАДЕН РАЈ СО ОРЕВИ…Сочен колач што се топи во уста…

ТУРСКИ ЧОКОЛАДЕН РАЈ СО ОРЕВИ…

Сочен колач што се топи во уста…

Овој неверојатно вкусен турски десерт ќе ве освои со својата сочност и богат чоколаден вкус, надополнет со крцкавите ореви, пишува НМД.

Едноставен за подготовка, со мерки во чаша, овој колач е совршен за секоја пригода кога сакате да ги изненадите вашите најблиски со нешто посебно! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мерка: чаша од 200 мл):

За колачот:
– 5 јајца
– 1 чаша шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 1 чаша масло
– 1 чаша млеко
– 2 чаши брашно
– 5 лажици какао
– 1 прашок за печиво

За чоколадниот прелив:
– 3 чаши млеко
– 1/2 чаша масло
– 1 чаша шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 5 лажици какао
– 100 г чоколадо за готвење
– НМД

За декорација:
– Сечкани ореви

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

Во длабок сад, пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека смесата не стане густа и кремаста.

Додајте масло и млеко, па кратко измешајте. Постепено внесете ги брашното, какаото и прашокот за печиво, и соединете сè со миксер до рамномерна смеса.

Префрлете ја смесата во плех (36х21 см) обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 190°C околу 30 минути.

Додека бисквитот се пече, во тенџере загрејте ги млекото, маслото, шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи, додајте какао и чоколадо за готвење.

Мешајте додека смесата да зоврие, па тргнете ја од оган и оставете малку да се подизлади.

Извадете го печениот бисквит, оставете го кратко да се подизлади, па превртете го за да ја отстраните хартијата.

Вратете го во плехот, избоцкајте го со чепкалка и исечете го на коцки. Прелијте го рамномерно со топлиот прелив.

Оставете го колачот да се излади во фрижидер преку ноќ. Пред послужување, украсете ги коцките со сечкани ореви.

Уживајте во овој сочен чоколаден рај што ќе ги воодушеви сите љубители на слатки! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видето ОВДЕ: