Рецепт и видео прилог на Милица Михајловиќ.

Турската лисната пита со сирење е можеби највкусната и наједноставната пита за правење. Рецепт со убаво објаснети детали како да добиете крцкави кори.

Потребни состојки:

800 г брашно + малку за наросување
450 мл млака вода
1 лажица сол
250 г маргарин/путер на собна температура

за фил:

300 г сирење
2 јајца
1 лажичка црвена зачинска пиперка, по желба

Постапка:

Во подлабок сад ставете 800 г просеано брашно, една рамна лажица сол, па со постепено додавање на 450 мл млака вода замесете меко тесто кое малку се лепи на рака. Тестото може да се замеси неколку минути во специјален миксер со продолжетоци за тесто или рачно месете го 5-10 минути.

На набрашнета површина истресете го брашното и малку измесете го, па поделете го на два дела, едниот малку поголем од другиот. Со помош на оклагија развлечете го помалото тесто во тркалезна кора. Премачкајте ја со омекнат путер преку целата површина.

Кората свиткајте ја како кифла во ролат, а потоа како полжав. Повторете ја постапката и со другото тесто. Тестата ставете ги во кеси, во замрзнувач 30-45 минути да се стегнат, но не да се замрзнат.

Потоа развлечете ги корите. Помалата кора се става на дното од теспијата која претходно сте ја намастиле со путер, а краевите притиснете ги на ѕидот. Распредете го филот од дробено сирење и јајца, па поклопете со поголемата кора брановидно (гужвано).

Краевите малку спојте ги со долната кора или направете витки. Одозгора избоцкајте со виљушка и напрскајте малку масло. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени (или 180 степени) околу 30-40 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: