Фото и рецепт: Наташа Миленковска

Потребни состојки за рецепт 1:

500 мл слатко млеко (млеко + 2 лажици шеќер)

1 коцка свеж квасец

1 прашок за печиво

4 јајца

200 мл јогурт

1 лажиче сол

800 г – 1 кг брашно + по потреба

Сирење за фил 

1 јајце за премачкување

Путер за намастување на калапите

Напомена: ова тесто може да стои во фрижидер 4-5 дена

Постапка: замесете меко тесто кое не лепи на раце и ставете го во намастена вангла и покријте го со проѕирна фолија.

Потребни состојки за рецепт 2:

200 мл млеко

1 пакетче сув квасец

1 лажица шеќер

100 мл јогурт

100 мл масло

500 гр брашно

1 лажиче сол

100 гр сирење

1 јајце (за премачкување)

100 гр маргарин

Фото и рецепт: Наташа Миленковска

Постапка:

Квасецот, млакото млеко, шеќерот и малку брашно измешајте ги се додека не се растопи квасецот.

Додадете го јогуртот, маслото, солта и постепено додавајте од брашното и месете додека да добиете убаво, меко, а нелепливо тесто.

Оставете го тестото половина час да одмори покриено.

Потоа поделете го на 12 топчиња. Секој дел развлечете го, со големина колку една помала чинија. На едниот крај ставете од сирењето, а другиот крај исечете го на ленти. Завиткајте во ролатче, а потоа во полжавче.

Калапот за мафини премачкајте го со путер или маргарин.

Во секој калап ставете по едно полжавче. Одозгора премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам. Врз секој дел ставете по едно парче од путерот/маргаринот.

Ставете го калапот во ладна рерна и вклучете ја на 200 степени. Печете додека убаво да заруменат.