Можат долго да стојат, супер се цврсти така што и на собна температура нема многу да омекнат. Излегуваат навистина многу колачиња, се подготвуваат брзо, приближно 10 минути за подготовка на тестото (без отстојување) и уште 12 минути печење. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО (ПРВ РЕЦЕПТ): 100 мл топла вода, 1 кесичка сув квасец, 500 г мазно брашно, 1/2 лажичка сол, 250 г домашна маст, 1 лимон – кора, 120 мл слатка павлака, 1 ванилин шеќер, 2 жолчки, 1 јајце. ЗА ФИЛОТ: 250 г мелени ореви, 1 ванилин шеќер, 1 кора од лимон и сок, 100 г шеќер (кристал), 2 белки. И уште ќе ви биде потребно кристален шеќер за тркалање, белка од јајце за премачкување.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 листа обланди, 100 г шеќер, 150 г чоколадо, 150 г путер или маргарин, 1 лажица рум (не мора), 100 мл млеко, 3 лажици мелени ореви, 2 лажици мелени кекси. *Лажиците полнете ги до врв. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 50 г чоколадо, 1 лажица масло или шеќер во прав за наросување.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Прво направете го тестото така што ќе го растворите квасецот во водата, па кога ќе се активира после неколку минути додајте ги сите останати состојки и замесете тесто што не се лепи, со средна цврстина.
Тестото поделете го на четири дела и секој посебно завиткајте го во пластична фолија. Се чува во фрижидер добро да се излади 2 часа или преку ноќ. Во меѓувреме направете го филот така што ќе ги изматете белките во цврста пена, а во посебен сад измешајте ги сите останати состојки, па со шпатула додајте ги белките.
Смесата ќе биде густа и цврста. Оставете го филот настрана додека го развлекувате и исечете тестото. На површина наросена со гранулиран шеќер, развлечете го тестото во коцка со димензии 25×25 см, па исечете го на помали коцки со димензии 5×5 cм.
Секоја коцка премачкајте ја со 1/2 лажичка фил и завиткајте во мала тубичка или ролничка. Развлечете ги на ист начин и останатите теста и филувајте ги. Добиените тубички ставете ги на плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со белка и печете во загреана рерна на 170 степени.
Се печат 12-15 минути додека да поруменат. Печените колачиња вадете ги на решетка за ладење и оставете ги целосно да се изладат, а потоа малку наросете ги со шеќер. Да се чуваат во кутија со затворен капак. / Сoolinarka.сom
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Листовите обланда завиткајте ги во влажни кујнски крпи за да омекнат. Оставете ги вака завиткани околу половина час. Дури кога обландите ќе омекнат започнете со подготовката на филот.
Сите состојки (путер, шеќер, млеко, рум и чоколадо) освен кексите и оревите ставете ги во тенџере на оган. Мешајте додека смесата да се растопи и да се изедначи. Потоа додајте ги мелените ореви и кексите, па добро промешајте.
Со овој фил премачкајте ги корите од погрубата страна. Секоја лист обланда пресечете го по должина на три еднакви делови, свиткајте ги во ролат и оставете ги да отстојат во фрижидер еден час. Потоа сечете ги, декорирајте ги и уживајте во одличниот вкус. Поубави се ако се јадат следниот ден. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.