Малкумина знаат дека прекрасните розовобели цветови на дивиот костен имаат силна лековита моќ.

Тие се користат во форма на одвар/чај или алкохолна тинктура и помагаат при срцеви заболувања, црн дроб, туберкулоза, астма, леукемија, ревматизам.

Специјалната маст приготвена од цветовите на костенот ги ублажува симптомите од артритис и гихт. Цветовите од костен исто така имаат и антиканцерогени својства. Се користат во лекувањето на леукемија, мозочен тумор, аденом на простата, итн.

Еве како се приготвуваат цветовите од костен кај различни болести:

Фибро-цистична мастопатија:

6-8 лажици сув цвет од костен се прелива со 1 литар вода, се доведува до предвриење, но пред да зоврие се трга садот. Се остава поклопено преку целата ноќ. Следниот ден се процедува и се пие по една голтка од течноста на секој час.

ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

Потопете 50 г цвеќиња (без гранчиња) во 500 мл алкохол или вотка за 14 дена.

За ова време, подгответе ја следната маст: измешајте 10 г цвет од камилица сомелени во прав, 10 г лист и сув цвет од жалгија, исто така во прав, 50 г мелени див костен и 5 г компиров скроб.

Измешајте ја смесата со 200 г топла пилешка маст (по можност од домашно пилешко, ако имате, или некоја друга домашна маст) и гответе на пареа 2,5 часа.

Потоа оставете ја смесата да отстои преку ноќ, а во утринските часови повторно загрејте ја колку да се растопи. Процедете ја маста, складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Третман: земете 30 капки од подготвената алкохолна тинктура со вода 3 пати на ден 20 минути пред јадење во период од 3-4 недели. Истовремено мачкајте ги нежно вените со приготвената маст.

Има антиинфламаторно, венотропно, антидематозно, капиларно зајакнувачко дејство.

Ја намалува содржината на протромбин и холестерол во крвта, ги зајакнува sидовите на крвните садови, ја подобрува микроциркулацијата во вените на долните екстремитети, го зголемува тонусот на вените на ректумот, го намалува отокот на нозете, тежина и замор во нозете, го намалува крвниот притисок.

Кај хемороиди и проширени вени

250-300 г свеж цвет од див костен изблендирајте ги и исцедете го сокот.

Употреба: Земете 25 капки во 1 лажица топла вода 2 пати на ден, 30 минути пред јадење. Сокот се пие кога вените во нозете се проширени и кога хемороидните јазли се отечени.

Со редовна употреба на сокот од костен, хемороидната болка исчезнува, а подоцна се повлекуваат опуштените вени, односно хемороидите.

Ревматизам, артритис

Алкохолна инфузија приготвена од сув цвет на див костен (40 г на 1 литар алкохол) се користи надворешно за мачкање на болните места.

Тромбоза

За да го подготвите лекот, потребни ви се 30 г цвет и плод од див костен кои треба да се сомелат и да се потопат во 300 мл чист медицински алкохол и да отстојат 7 дена со повремено протресување.

Потоа се процедува и се консумира пред јадење секој ден, 3 пати по 30 капки.

Контраиндикации

И покрај одличните својства на костенот, како и секој друг лек, така и тој е контраиндициран во некои состојби состојби: разни васкуларни заболувања, атоничен запек, хипоациден гастритис, неправилности и одложена менструација, лошо згрутчување на крвта, тромбоцитопенија.

Не треба да се користи орално дивиот костен во случај на хипотензија. Во случај на предозирање може да предизвика грчење на прстите. Пред употреба на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар.