Каланхоата е вистинското растение за сите оние љубители на цвеќиња кои немаат многу искуство или време за нивно одгледување и кои велат дека градинарските работи не им одат од рака.
Идеална е за сите оние кои се презафатени, расеани и кои забораваат на растенијата во својот дом, бидејќи ако ова цвеќе го оставите жедно на подолг период, тоа сигурно нема да ви забележи. Каланхоата ја има во повеќе бои: бела, портокалова, розова, црвена, виолетова, жолта…
Расте од 10 до 30 см, така што веројатно многу лесно ќе најдете место за неа. Зимно време цвета сместена на јужниот прозорец, а во лето извадете ја на терасата. Единствено на што треба да внимавате е да не претерате со залевањето, бидејќи е сукулент.
Залевајте ја на секои 12-15 дена во зима, а на секои 7-10 дена во лето. Најдобро е да ја допрете земјата со прст, и доколку почувствувате дека таа е сува и растресита, тогаш залејте со вода.
Ако забележите дека е билката станала „тажна“, со свенати листови, а во земјата се појавила и мувла, тогаш значи дека сте претерале со влажноста. Отстранете ги гнилите гранчиња и листови, оставете ја да се осуши, и веројатно ќе се опорави. Никогаш не ги оросувајте листовите.
Се размножува од семе и со помош на резници, но многу поедноставно е со вториот начин. Тоа се всушност млади изданоци на кои имало цвет. Затоа е потребно овенатите цветови редовно да ги режете до листовите. Резниците нека бидат долги околу 10 см и на нив треба да има два пара листови.
Отстранете го долниот пар листови, па забодете ја резницата во земја. Чувајте ја на топло, влажно и светло место. Најдобро е редовно да ја обновувате, бидејќи по околу две години таа започнува да делува малку неуредно, па ќе може да ја замените со нова.
Тинктура за проширени вени – рецепт на билкарот Мартин Најдовски
„Бидејќи неодамна помина Празникот на жените и голем дел од припадничките на женскиот пол ја добија токму Каланхоата на подарок, одлучив да го споделам со вас овој рецепт за приготвување на тинктура која се покажала како многу ефикасна во третирањето на проширени вени“, вели Најдовски.
За да го приготвите овој лек ќе ви биде потребна една стаклена тегла од 500 мл, домашна силна ра-кија и листови набрани од неколку единки на овој цвет. Не ги берете сите листови од едно растение за да не го повре-дите. Најдобро би било да наберете по неколку листови од различни единки.
РЕЦЕПТ: „Една тегла од 500 мл, лесно се наполнува со свежи листови (да не се стис-каат, оставете ги растресено). Се налева ра-кија над нив и се остава да стојат 2 недели со секојдневно протресување на теглата. По изминатиот период се процедува и се складира во чисто шише или тегла.
УПОТРЕБА: се мачкаат проб-лематичните места, без силно притис-кање кога станува збор за проширени вени, а се мачка од долу кон правецот на срцето. Со оваа тинктура може да се мачкаат и стапалата, 2 до 3 пати на ден.
Кај некои луѓе може да се види подобрување и после првиот ден од користење“, објаснува билкарот Најдовски.