Фото и рецепт: Марија Петровиќ
Колач во три бои, едноставна подготовка, а ефектот е голем.
Потребни состојки:
4 јајца
200 г шеќер
100 мл масло
100 мл јогурт
240 г брашно
1 прашок за печиво
2 лажици какао
500 мл млеко
150 г шеќер
60 г брашно
100 г кокос
малку млеко за натопување на колачот и кокос за наросување одозгора (или чоколадна глазура)
Постапка:
Пенасто изматете четири јајца, па кога ќе побелат и згуснат постепено додадете 200 г шеќер. Постојано матете додека шеќерот целосно да се растопи.
Намалете ја брзината на миксерот па додадете 100 мл масло, 100 мл јогурт на собна температура, па постепено додадете 240 г брашно помешано со една кесичка прашок за печиво.
Смесата одокативно поделете ја на два дела, па во едниот додадете 2 супени лажици какао и промешајте убаво да се изедначи. Во намастен и набрашнет плех со средна величина прво ставете го црниот дел и испечете го 5-6 минути во претходно загреана рерна на 200 степени, колку да се фати коричка.
Од половина литар млеко одземете малку за да растворите 60 г брашно, а остатокот млеко заедно со 150 г шеќер ставете го на оган. Кога ќе зоврие додадете го брашното, намалете ја температурата и варете со постојано мешање додека да згусне.
Тргнете од оган и додадете 100 г кокос. Филот распоредете го преку црната кора, па веднаш преку филот нанесете го вториот, жолт дел од кората. Вратете да се допече уште 10-тина минути, односно додека чепкалката да биде сува.
По желба, може одозгора да се полие со малку млеко за да биде сочен колачо и да се нароси со кокос, а кој сака може да стави чоколадна глазура. Јас го оставив ваков колачот “клот” – вкусен, мек и сочен.
Фото и рецепт: Марија Петровиќ