Црниот дроб кој е еден од најважните органи во нашето тело, честопати го запоставуваме. Тој ја филтрира крвта и ја прочистува од сите токсини. Исто така, му помага на телото да ги согори маснотиите и да се употреби енергијата.

Меѓутоа, колку и да е голема неговата улога за нашето здравје, ние честопати се потпираме на него без притоа да водиме сметка за тоа колку тој е оптеретен и дали функционира како што треба.

Со други зборови, нездравиот стил на живеење не го оптеретува само црниот дроб, туку преку наруѓување на неговата работа се нарушува и целокупното здравје.

Затоа, потребно е повремено да се прочистува за да може овој орган да се регенерира а со тоа и да го подмлади целиот организам.

Потребни состојки:

2 лимони

1 краставица

1 китка магдонос

200 мл вода

Постапка:

Краставицата убаво измијте ја па исечкајте на парчиња.

Магдоносот исто така убаво измијте го, па исечкајте го ситно.

Лимонот излупете го, па исечете го на парчиња.

Сите состојки ставете ги во блендер, додадете вода и миксајте додека да се изедначи смесата.

Употреба: Во период од еден месец пијте го напитокот по една до две чаши во текот на денот, а потоа направете пауза од две седмици. По завршеток на паузата, продолжете со терапијата.

Што овозможува овој напиток:

-ја прочистува крвта

-го регенерира црниот дроб

-врши детокс на телото

-делува антиканцерогено

-го подобрува изгледот на кожата

-го забрзува метаболизмот

-го засилува имунитетот