Фото и рецепт: Марија
Потребни состојки:
5 јајца
15 лажици шеќер
15 лажици млеко
15 лажици масло
15 лажици брашно
2 лажици гриз
2 лажици какао
1 прашок за печиво
За прелив:
3 шолји (за кафе, 100 мл) млеко
3 шолји шеќер
1 ванилин шеќер
Постапка:
Пенасто изматете ги јајцата со шеќер, потоа додајте млеко, масло, гриз, какао, брашно и прашок за печиво. Најдобро е сувите состојки посебно да ги промешате, па потоа да ги додадете во течните состојки.
Добиената смеса оставете да отстои 10-тина минути, па излејте ја во намастен плех со димензии 33х18 см и печете го колачот во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
Кога бисквитот е печен, оставете да излади, па потоа полејте го со топлиот прелив од млеко и шеќер.
Украсете со шлаг пена.
Фото и рецепт: Марија