Сочен колач со какао и јаболка кои воопшто не се чувствуваат. Многу брзо е готов и многу е вкусен!

Потребни состојки: 1 чаша шеќер, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша бел гриз, 1 чаша млеко, ½ чаша масло, 2 чаши рендани раболка (излупени), ½ прашок за печиво, 2 лажици какао и 2 јајца. *За мерка се користи јогуртна чаша од 180 г (200 мл)

Постапка: 1.Одвојте ги жолчките од белките. Белките изматете ги во цврст снег. 2.Изматете ги шеќерот и жолчките, па додадете ги останатите состојки. Треба добро да миксате кога ќе ги додадете јаболката.

3.Во смесата со лажица додадете го снегот од белки и нежно промешајте да се соединат. 4.Добиената смеса излејте ја во претходно намастен и набрашнет плех со средна величина и ставете да се пече 35.40 минути во загреана рерна на 180 степени.

5.Кога ќе се олади колачот прелијте го чоколадна глазура направена од чоколадо, малку путер и млеко или нешто по ваш избор.

Coolinarika.com