Овој домашен сок се приготвува многу едноставно, вкусен е, а кога станува збор за обнова и чистење на црниот дроб, е еден меѓу најдобрите. Ваква peгенepaција на функцијата на црниот дроб особено се препорачува после некоја антибиотска терапија или земање на некои други лекови кои се метаболираат во црниот дроб.
Секако и овој домешан, лековит сок може да се зема и при други заболувања и состојби поврзани со црниот дроб, за зајакнување на имунитетот, прочистување на крвта и чистење на кожата. Сокот се зема седум дена. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Една рака суво грозје (1/3 чаша), сок од еден лимон, една чаша рендано цвекло (околу една поголема главица) и две чаши вода. Односот помеѓу сувото грозје и цвеклото е 1:3, а на една чаша цвекло одат две чаши вода.
ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете ја водата да зоврие. Цвеклото измијте го со ладна вода, излупете го па изрендајте го. Измерете ги количините. Во зовриената вода ставете (една третина чаша) суво грозје и (една чаша) рендано цвекло.
Оставете повторно да зоврие течноста, а потоа веднаш исклучете го шпоретот. Поклопете со капак и оставете да отстои 45-60 минути. Потоа изладената смеса префрлете ја во блендер.
Измиксајте добро неколку минути додека целата смесата да се изедначи, а потоа додајте и сок од еден свежо исцеден лимон. Добро промешајте, а потоа по желба, сокот можете да го процедите низ газа.
Добро истискајте за да добиете што повеќе сок. Вашиот домашен, лековит сок е подготвен. Складирајте го во чисто, претходно стерилизирано стаклоно шише и чувајте го во фрижидер.
УПОТРЕБА: По 150 мл двапати дневно, еднаш наутро на празен стомак и втор пат пред вечера. Се користи во текот на 7-10 дена, а потоа се прави пауза од две седмици. по потреба може да се повтори. Следниот рецепт многу помага за регулирање на високиот кр-вен притисок, анемија и тегоби при менопауза.
ЛЕК ЗА ВИСОК ПРИТИСОК, АНЕМИЈА, МЕНОПАУЗА. Измешајте 1 чаша сок од цвекло и 1 чаша мед. Земајте по една лажичка, трипати дневно половина час пред главните оброци. При анемија се препорачува и следниот сок:
Измешајте една чаша сок од јаболко и 3 лажици сок од цвекло. Се препорачува овој сок да се зема секој ден, 20 до 30 минути пред секој од главните оброци. Свеж сок од цвекло разреден со чиста вода (1:1) се препорачува за жени во перименопауза или веќе влезени во менопауза, како и за мен-струални проблеми.
На луѓето кои имаат хипертензија им се препорачува редовно да јадат салата од цвекло или да пијат сок од цвекло. Поволно делува на срцето и кр-вните садови, ги зајакнува нивните ѕидови, ја подобрува нивната проодност и го cтимyлиpа производството на хемоглобин.