Истражувањата покажуваат дека голем број настинки се јавуваат кога ќе започне грејната сезона, поради студот но и поради високите температури во затворен простор.
Истражувањата покажуваат дека посериозните настинки се јавуваат кај луѓе кои имаат централно греење.
Докажано е дека централното греење најлесно ја создава опасната црна мувла која може да биде причина за појава на астма и им штети на астматичарите.
Лекарите истакнуваат дека премногу топлина во просторијата неповолно влијае при инфекции на респираторните органи и лошо делува на болно и воспалено грло.
Додека сме изложени на висока температура во затворен простор, слузокожата на носот се суши и недоволно се проветруваат синусните канали.
Тоа ја зголемува затнатоста на носот, главоболките, непријатното чувство во предел на синусите, па дури може да предизвика и крвавење од нос.
Експертите истакнуваат дека високата температура во собата во која спиете може да го поремети целиот биоритам на организмот.
Се советува дека најдобро за здравјето е да ја одржувате собната температура околу 18 степени.