Истражувањата покажуваат дека трајното намалување на вишокот телесни масти преку практикувањето на она што се подразбира под здравата исхрана и животен стил, во огромна мера помага да се намали и превенира целулитот.
Целулитот се формира со забавување на протокот на кр-вта и на почетокот е невидлив, се гледа само по притискање на кожата. Има изглед како кора од портокал. Нема жена што некогаш во животот не се соочила со овој проблем.
Причините може да бидат различни, а таложењето на масни наслаги со текот на годините станува сè повидливо. Се губи еластичноста на кожата и се зголемува водата во организмот. Можат да се забележат и така наречени дифузни јазли.
Потребни состојки: половина чаша домашна јаболкова киселина, 1 чаша вода, 1 лажиче мед за подобрување на вкусот по желба. Се пие по малку колку што можете да го поднесете вкусот во текот на денот.
За мачкање: Измешајте четвртина шолја лосион за тело со лажица јаболкова киселина. Натопете пешкир со ладна вода, исцедете го добро, потоа ставете го неколку минути на зафатениот дел со целулит.
Потоа протријте го местото и тргнете го пешкирот, па со памук натопен во мешавината уште еднаш поминете го зафатеното место и завиткајте се во проѕирна фолија за да предизвикате загревање и отворање на порите. За побрзи резултати, овој третман правете го најмалку трипати седмично.
Пијте доволно вода и избегнувајте препроцесирани производи – Водата има повеќенаменски благодети. Потребно е да се пие многу вода во текот на денот за да останете свежи и хидрирани.
Многу е важно да се пие доволно вода, да се избегнуваат препроцесираните производи богати со шеќер, заситени маснотии и сол. Не само што ваквата храна е полна со празни калории и ќе придонесе за зголемување на масните наслаги, туку шеќерот предизвикува и задржување на течностите во ткивата (исто како и солта) и воспалителни процеси. Сето ова значително го зголемува ризикот за појавување на целулит.
Облога од бршлен против целулит
Користете бршлен, растение кое цвета дури во пролет, за да подготвите лек против целулит. Земете 300 г од растението и варете го во 1,5 л вода. Облогата се добива со варење на смесата на многу тивок оган околу два часа. Се нанесува на местата каде што има целулит.
Можете да го направите навечер пред спиење, но најдобрите ефекти ги добивате доколку ја промените облогата во одредено време. Потребно е да се менува на еден до два часа. Последните облоги оставете ги да делуваат преку ноќ. За максимална ефикасност, повторете го дејството трипати неделно, а резултатите ќе бидат видливи за 3-4 недели.
Скокањето на јаже или која било друга физичка активност може да помогне при намалување на целулитот. Не очајувајте доколку веднаш не забележите промена. За целулитот целосно да се повлече, потребно е упорност и многу време. Некогаш месеци, па дури и години.
Потребно е да бидете трпеливи и постојано да имате физичка активност во текот на денот од најмалку половина час. Одлични се и кардио вежбите кои исто така ги согоруваат масните наслаги.