Овој рецепт ни го испрати нашата читателка Ирена Радевска. Таа вели дека рецептот е испробан и им помогнал на многумина.
Подобрување има за 3-4 дена, а кај надворешните хемороиди и целосно повлекување!
Потребни состојки, по 50 грама чаеви од:
Ајдучка трева
Коњско опавче
Овчарска торбичка
Невен
Крушина
Постапка:
Сите чаеви се ставаат во хартине кеса и се мешаат со дрвена лажица.
Две супени лажици од мешавината на чаеви се преливаат со 7 децилитри вода и се варат 20 минути.
Потоа чајот се процедува и се дели на 3 дела, во три шољи, кои се пијат 30 минути пред јадење, три пати на ден.
Терапијата трае 5 до 7 дена.
Вреди да се проба!