Многу брзо се приготвуваат, без месење, имаат предобар вкус.
Потребни состојки: 1 шолја од 200 мл кисело млеко, 1 прашок за печиво (10 г), 2 јајца
½ шолја масло, 130 г сирење, ½ лажичка сол, 1 ½ шолја брашно и 1 лажица ситно сечкан магдонос
Постапка: Во киселото млеко додадете прашок за печиво и промешајте го. Потоа додадете ги двете јајца и изматете убаво со миксер.
Додека матите во смесата додадете сол и масло, а брашното додадете го на двапати, постепено. На крај додадете го издробеното сирење и една лажица ситно сечкан магдонос. Промешајте за да се изедначи смесата.
Со лажица вадете од смесата и со помош на друга лажица формирајте ги погачиците врз плех обложен со хартија.
Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15-17 минути со вентилатор.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: