Рецепт на Јелена Петровиќ. Преубав рецепт за царска пита која излегува мека како душа, а толку вкусна и мирисна што никој не може да и одолее.

Во другите рецепти можете да најдете вообичаени состојки од фрижидерот кои се додаваат во оваа пита, а во овој се додаваат и пиперки, па тоа е она што го прави поразличен од останатите. Еве пто ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 200 г шунка, 150 г бело тврдо/ситно сирење, 200 г кисело млеко или јогурт, 3-4 кисели краставички, 3 црвени кисели пиперки од туршија или тегла (може и свежи или печени), 1.5 чаша брашно (чаша од 200 мл), 0.5 чаша гриз (може и пченкарен), 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 70 мл маслиново масло, малку сол по вкус

ПОСТАПКА: Оваа пита многу брзо се приготвува, па штом ви се најават гости можете да ја приготвите и да ја испечете уште пред да дојдат тие.

Состојките кои треба ситно да се исечкаат, можете да ги ставите во блендер и уште побрзо да ја завршите оваа работа.

Рерната веднаш можете да ја вклучите да се загрева на 200-210 степени, бидејќи тестото за оваа пите за миг се приготвува. Сирењето со раце иситнете го, а пиперките, краставичките и шунката исечкајте ги на ситни коцкички.

Во посебни садови одделете ги белките од жолчките. Белките пенасто изматете ги со миксер додека да добиете цврст снег.

Додајте го просеаното брашно помешано со прашокот за печиво и посолете (половина лажичка или помалку, во зависност од тоа колку е солено сирењето).

Во мешавината додајте 70 мл маслиново или обично масло за готвење, потоа киселите краставички, жолчките изматени само со виљушка, потоа ситно исечканите пиперки, како и 200 г ситно исечкана шунка или друго сувомеснато, околу 150 г ситно сирење.

И, на крај додајте една чаша кисело млеко или јогурт. Добро промешајте со лажица или шпатула за да се изедначат состојките. Затоа потребно е да се користи некој подлабок сад во кој ќе можете убаво да ја промешате смесата.

Подгответе еден плех или огноотпорен сад со средна големина (30х18 см), намастете го или обложете го со хартија за печење, излејте ја смесата и израмнете, па ставете да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу 50 минути.

Оставете да се подизлади, па сечете ја. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.