Рецепт и видео презентација на Том Филос – Едноставна, брза и многу вкусна Царска пита.
Сите состојки ги мешате со маталка, ставете дробено сирење и сечкано сувомесното од она што ви се наоѓа во фрижидер, испечете и имате готов, вкусен оброк.
Потребни состојки:
4 јајца
150 мл масло
200 мл јогурт
малку сол по вкус
300 г брашно
10 г прашок за печиво
100 г сечкана салама
100 г сечкана сланина
100 г ситно сирење
100 г маринирани печурки
сусам за наросување
Постапка:
Во подлабок сад најпрво измешајте ги течните состојки: 4 јајца, 150 мл масло и 200 мл јогурт изматете со жица за матење додека да се соединат. Посолете по вкус.
Постепено додека матите додавајте го брашното, вкупно 300 г и една кесичка прашок за печиво (10 г). Добро промешајте додека да се изедначи смесата.
Потоа додадете по 100 г ситно сечкана салама, сланина на коцки, издробено сирење по желба и маринирани печурки од тегла. Промешајте со шпатула или лажица за да се распореднат рамномерно состојките.
Вака приготвената смеса излејте ја во помала тепсија, претходно малку намастена, одозгора наросете сусам и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото: