Исклучително здрава чорба, идеална за секој ден, како и за неделен ручек или некоја друга пригода.

Потребно:

Пилешко месо за супа (тоа се остатоци од пилешко, кога од целото пиле ќе се отсечат батаците, карабатаците и белото месо).

10-тина ситни цветчиња карфиол

10-тина цветчиња брокула

2 моркови исечкани на тркалца

1 главица кромид (цела главица, не се сечка)

1 чешне лук

2-3 супени лажици гриз

2 јајца

2 кафени лажички сол

малку вегета

½ лажичка ѓумбир или црн пипер по вкус

Постапка:

Пилешкото и кромидот ставете ги да се варат во околу 3 литри вода. Пред самиот крај додадете брокула, карфиол и морков, додадете ѓумбир и вегета. Варете додека да омекнат намирниците.

Кога се’ е сварено, извадете го месото и кромидот. Месото се чисти од коски, се сечка ситно и се враќа во чорбата.

Во меѓувреме, изматете со виљушка јајца со 2 лажици гриз, па смесата разредете ја со малку течност од чорбата, па полека со постојано мешање додадете повторно во чорбата.

Гответе уште околу 3 минути и царската чорба е готова.