Потребни состојки:

400 г петит кекси

100 мл вода

200 г шеќер

1 ванилин шеќер

150 г путер/маргарин

50 г црно чоколадо

20-25 парчиња суви смокви (во зависност од тоа дали ќе правите помали или поголеми топчиња)

20-25 половинки јатки ореви

200 г сечкани бадеми

Постапка:

Водата, шеќерот и ванилин шеќерот зовријте ги. Оставете да се вари 2 минути. Тргнете од оган и додадете путер и чоколадо. Сето добро измешајте го. Додадете мелени кекси и добро соединете.

Добиената смеса оставете ја во фрижидер да излади. Додека смесата се лади полнете ги смоквите со ореви така што ќе го отсечете врвот на смоквата со нож или со прибор за моделирање раширете ја смоквата и во нејзе ставете половина јатка од орев.

Можете смоквите прво да ги ставите 5 минути во топла вода да омекнат, но не морате. Смоквите се доста меки и лепливо, па така не е тешко да се стави орев во смоквата и да се затвори. Околу полнетата смоква ставете од сите страни од изладената смеса од кекси, па формирајте топче.

Топчињата валкајте ги во сечкани бадеми, па редете ги во сад со капак. Оставете ги во замзнувач околу 30 минути.

Извадете од замрзнувач, пресечете ги на половина. Послужете.