Писмото е вирално и се споделува по сите социјални мрежи, но толку е преполно со мудри совети и силни емоции што долго откако ќе го прочитате ве остава во размислување. Затоа одлучивме да го споделиме и на нашиот портал.
Писмо на една мајка
„Деца мои драги, ќе дојде еден ден кога повеќе ќе ме нема на овој свет, ќе оставам зад себе се’ што сум стекнала во животот, па и вас, но едно сакам да ве замолам…
Немојте да се карате околу куќата која ви ја оставам, таа и после вас ќе остане и ќе му припадне на некој друг, бидејќи ниту вие нема да можете да ја понесете на патот по кој сега јас одам.
Сочувајте ги заедничките празнувања и слави, собирајте се на маса.
Никогаш немојте лажно да сведочите ниту за својот, ниту за туѓиот брат.
Устата отворајте ја единствено за вистината, како што ја отворате за лебот.
Не се расправајте околку материјални работи, не дозволувајте парите да ви бидат повредни од вас самите.
Сетете се на мајка ви која со љубов ве задои, сетете се на нејзините зборови…не мразете никого, не го понижувајте послабиот, а злобниот бегајте подалеку и не шурувајте со него…
Давајте и споделувајте љубов… Нека вашата љубов сведочи повеќе од вашите зборови.
Не отуѓувајте се едни од други, сетете се дека една утроба ве носеше.
Сетете се дека на овој свет дојдовте без ништо и беЗ ништо ќе си заминете. Нема ништо подрагоцено од заедништвото и љубовта која во трајно наследство им го оставате на светот.
Така и вие воспитувајте ги своите деца.
И не жалете по мене.
Наместо солзи и тажалки, една тивка молитва измолете за мојата душа.
Можеби вашата молитва ќе ми ги отвори портите на рајот…
А јас? Јас и натаму ќе бдеам над вас само од другата страна, каде ќе се сретнеме еден ден и ќе останеме заедно во вечноста…
Ве сака вашата мајка.