Комбинацијата од лимон, лук и маслиново масло може да ги елиминира масните наслаги, но и да го забрза метаболизмот и да ве ослободи од токсините. Овие три намирници претставуваат најдобра комбинација како за зајакнување на имунитетот, така и за ослободување од вишокот килограми. Комбинацијата од лук и лимон на пример, може да го регулира шеќерот во крвта.
Исто така може да ја намали количината на триглицеридите, да ја подобри циркулацијата, да го регулира холестеролот, а истовремено да го подигне нивото на добриот холестерол. Оваа комбинација претставува одлична превенција од рак и други тешки болести. Исто така, ги исфрла токсините од организмот и го зајакнува имунолошкиот систем.
Потребни состојки и постапка: Исечкајте три чешниња лук, додадете една чаша топла вода, исцедете сок од еден лимон и неколку капки маслиново масло.
Добиената смеса оставете ја да отстои околу половина час, а потоа промешајте добро и процедете ја содржината во шолја за чај. По желба додадете мед или јаворов сируп. Напитокот пијте го помеѓу оброците (на празен стомак).
Зошто се добри лимоните: Го поддржуваат здравјето на срцето. Лимоните се добар извор на витамин Ц и влакна, така што овозможуваат дигестивно здравје и одржување на телесната тежина.
Еден лимон содржи 31 мг витамин Ц, што е 51% од дневната препорачана доза. Исто така, истражувањата покажуваат доколку се консумираат 24 г цитрусни влакна дневно, во период од еден месец доаѓа до значително намалување на нивото на холестеролот.
Пектинот пак што се содржи во лимоновата кора овозможува чувство на ситост, па затоа многумина користат органски лимони, односно непрскани и ги консумираат цели, особено кога станува збор за диетален режим на исхрана, односно губиток на вишок килограми.
Со консумација на лимонов сок се превенира создавање на камења во бубрезите. Лимонот овозможува зголемување на рН вредноста на урината и поттикнува зголемено нејзино лачење со што се оневозможува создавањето на песок и камчиња во бубрезите.
Кога лимонот се комбинира со лукот значително доаѓа до намалување крвниот притисок, холестеролот и триглицеридите. Затоа, кога и да сте во можност комбинирајте ги овие состојки и консумирајте ги почесто.