Рецепт и видео презентација на “Јеца Сваштарица”. Сочен оброк кој ќе го обожува вашето семејство. Пилешко во јогурт – брз, вкусен и евтин ручек кој често ќе го правите. Рецептот не одзема многу време.

Потребни состојки: 500 г пилешко бело месо, 1 кг компир, 3 лажици масло, 1-2 главици кромид, 4-5 чешниња лук, една лажичка сол, црн пипер во прав по вкус, сув зачин (вегета) по вкус, половина лажичка оригано, 500 мл јогурт, 3 јајца, 3 лажици брашно, 1 црвена пиперка, 1 домат.

Постапка: Пилешкото месо измијте го под млаз ладна вода и исечете го на коцки. Зеленчукот измијте го исто така и исчистете го. Компирите и кромидот излупете ги. Компирите повторно измијте ги и исцедете ги, а потоа исечете ги на тенки листови. Сечете колку можете потенко.

Во длабоко тенџере на оган загрејте малку масло, па во него додадете го ситно исечканиот кромид. Вкупно за ова јадење беа потребни две средни по големина главица кромид и 4-5 чешниња лук кои исто така ситно се сечкаат и се пропржуваат заедно со кромидот.

Неколку минути динстајте го кромидот, а потоа додадете го исеченото пилешко месо и продолжете да динстате на умерена температура со повремено промешување. Зачинете со малку со и црн пипер во прав. После неколку минути пржење додадете сув зачин за пилешко месо и ситно сечкана црвена пиперка.

Продолжете уште малку со пржењето на месото, а потоа додадете го и тенко сечканиот кромид. Промешајте за да се изедначат состојките. Затоа, најдобро е уште на самиот почеток јадењето да започнете да го приготвувате во подлабоко тенџере за полесно да биде мешањето кога ќе се додадат компирите.

Зачинете со лажичка сув зачин (вегета), половина лажичка оригано и уште малку оставете го јадењето да се динста, приближно уште пет минути. Потоа целата содржина од тенџерето префрлете ја во огноотпорен сад, плех или тепсија. Одозгора наредете тркалца од домат кој претходно сте го исечкале.

Приготвување на преливот со јогурт: јајцата изматете ги со жица во еден подлабок сад, па додадете три лажици брашно и половина литар јогурт. Добро изматете со жицата за да се соединат состојките за да нема грутчиња. Посолете ја и запиперете ја смесата по вкус.

Со оваа смеса рамномерно прелијте го јадењето одозгора и протресете за да се распореди. Рерната вклучете ја да се загрее на 220 степени, па вака приготвеното јадење треба да се пече околу половина час. Но пред да го ставите во загреаната рерна, јадењето прекријте го со алуминиумска фолија.

После 20 минути тргнете ја фолијата од јадењето и оставете го да се допече уште 10-тина минути за да се запече и да фати убава коричка. деталите од постапката за приготвување на јадење можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.