Доколку чувствувате умор, надуеност, имате проблем со циркулацијата и сте анемични, тогаш можеби треба малку да посветите внимание на вашето здравје.
Користете свежи и квалитетни намирници и направете ги овие сокови кои се вистински мултивитамински бомби.
Тие ќе ви помогнат да се освежите и да ја прочистите крвта и црниот дроб од разните токсини кои секојдневно ги внесуваме.
1.СВЕЖ СОК ОД ЦВЕКЛО, БАТАТ И МОРКОВ
Потребни состојки:
1 цвекло
1 батат (сладок компир)
10 моркови
Сите состојки ставете ги во соковник или блендер. Овој напиток ја чисти крвта и црниот дроб и го зголемува железото во крвта. Богат е со витамин А и има диуретички својства кои помагаат во исфрлање на вишокот течности, а заедно со нив и токсините од организмот.
2.СОК ОД ЈАБОЛКО, ЦВЕКЛО, МОРКОВ, ЦЕЛЕР И СПАНАЌ
Потребни состојки:
1 јаболко
1 цвекло
8 моркови
2 гранчиња целер
3 чаши спанаќ
Измешајте ги сите состојки во блендер и испијте го сокот пред појадок. Овој силен мултивитамински напиток го чисти организмот. Обилува со железо, диетални влакна и минерали. Позитивно влијае врз дигестивниот систем.
3.ТИНКТУРА ОД ЛУК И ЦРНО ВИНО
Потребни состојки:
12 чешниња лук
½ литар црно вино
Лукот исчистете го, исечкајте го на четвртинки. Лукот и виното ставете ги во стаклена тегла и добро затворете ја. Оставете на сончево место околу 14 дена. Секојдневно протресувајте ја теглата 2-3 пати. После две седмици процедете и складирајте во стаклено шише.
Употреба: по една мала лажичка трипати дневно, во текот на еден месец. Овој лековит напиток ја чисти крвта, ги отстранува вишокот маснотии и соли од организмот. Го забрзува метаболизмот.
Овој силен напиток ја чисти и јакне крвта, па затоа е најдобро да се применува двапати годишно, односно во растојание од 6 месеци.