Рецептот го добив од една госпоѓа од Германија, се вика 3 Minuten Brot и прво бев многу скептична зошто тестото не се меси, не кисне… но го пробав и супер е!
Потребни состојки за прва верзија:
1 коцка свеж квасец или 2 кесички сув квасец
450 мл млака вода
500 г интегрално брашно
50 г сончогледови семки
50 г сусам
50 г ленено семе
2 лажички сол
2 лажици овошна (јаболкова) киселина
Потребни состојки за втора верзија:
400 г интегрално брашно
100 г хелдино брашно
80 г сончогледови семки
80 г сусам
80 г ленено семе
3 лажици овошна киселина
Околу 500 мл млака вода
Постапка:
Квасецот измешајте го со вода. Додадете ги сите други состојки и добро измешајте со миксер со продолжетоци за тесто Смесата не смее да биде цврста како што обично се прави за леб. Само придржувајте се до рецептот и тоа е тоа.
Ставете во намастен калап во ладна рерна. Тестото не се остава да се дига.
Печете 60 минути на 200 степени (на врел воздух: 50 минути на 170 степени)
Лебот се вади од калап и евентулано се допекува уште 10-тина минути.
Семките можете и да ги прескокнете или да ги замените со бадеми, лешници, суво грозје…