Речиси да нема човек кој не го обожува овој колач.

Потребни состојки:

4 јајца
150 г шеќер
200 г брашно
1 прашок за печиво

за прелив:

500 мл слатка павлака
300 мл млеко
200 мл павлака/млеко за кафе 12% мм (една чаша)
и уште: 300 г готов карамел прелив

Постапка:

Најпрво вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Јајцата со шеќерот добро изматете ги со миксер додека да побелат.

Во изматената смеса додадете брашно и прашок за печиво, па добро соединете. Добиената смеса излејте ја во среден плех 20х30 см, претходно намастен и набрашнет.

Колачот печете го 20-25 минути, малку да зарумени (пробајте со чепкалка дали е готово).

Додека се пече колачот, во подлабок сад измешајте ги павлаките и млекото.

Печениот колач и малку подизладен извадете го од тепсијата. Половина од преливот излејте го во тепсијата, вратете го колачот но наопаку, така што долната страна да биде кон горе. Избоцкајте со чепкалка и прелијте полека со остатокот од преливот.

Оставете 10-тина минути, па колачот премачкајте го со карамел кремот. Оставете преку цела ноќ добро да го впие млекото. Значи, колачот треба да биде млак, а преливот ладен.