Кога ќе го пробате, ќе ви стане омилениот колач!

Потребни состојки:

6 јајца
100 г шеќер
200 г брашно
½ прашок за печиво
1 ванилин шеќер

за прелив:

400 мл слатка павлака
300 мл кондензирано млеко
800 мл обично млеко

за домашен карамел:

200 г шеќер
200 мл слатка павлака

Постапка:

Изматете ги белките па постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Кога се добро изматени, додавајте една по една жолчка, измешајте, па полека додавајте го брашното измешано со прашок за печиво.

Кога ќе го додавате брашното исклучете го миксерот и мешајте со лажица за да остане пенлива смесата.

Компактната смеса излејте ја во тепсија обложена со хартија и печете околу 20-25 степени на 180 степени. Оставете кората малку да излади па извадете ја од тепсијата и со нож избоцкајте ја на неколку места.

Во тепсијата излејте слатка павлака, па потоа во неа ставете ја кората наопаку превртена (делот кој бил горе сега иде долу).

Оставете да отстои 10-тина минути, па потоа измешајте го млекото со кондензираното млеко, па со него прелијте ја кората одозгора.

Оставете малку да отстои за да се впие млекото, па премачкајте со карамелата. Добро изладете и уживајте во колачот.

Напомена: за овој колач многу е важно да направите многу добар карамелен крем бидејќи токму тој е клучниот вкус на овој колач.

Постапка за приготвување на карамелниот крем:

Ставете го шеќерот во подлабока тава (со посветла внатрешност за полесно да ја одредите бојата на карамелот) и загрејте го на оган мешајќи додека да се растопи.

Кога ќе се стопи престанете да мешате и почекајте шеќерот целосно да се растопи и да добие темно златна боја. Не го препржувајте зошто ќе има горчлив вкус.

Слатката павлака на собна температура или малку загреана турете ја во карамелизираниот шеќер. Внимавајте бидејќи ќе прска.

Бидејќи шеќерот во прв момент ќе се скамени, гответе на тивко до средна температура додека да се растопи во павлаката.

Продолжете со готвење, со постојано мешање додека да згусне и да стане кремасто. Оставете карамелот малку да подизлади па прелијте го врз колачот.