Кога сакате да направите во две во едно, и вечера и десерт за милите гости или за домашните, направете ги овие ролати кои се прават од една смеса (на база на јогурт). Филовите може да бидат различни, со сирење, сувомеснато, кашкавал или пак слатки со џем, замрзнато овошје, чоколаден крем итн.. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за основната смеса: 1 чаша (200 мл) масло, 3 чаши течен јогурт, 1,5 чаши шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1,5 чаши пченичен гриз, 1 кесичка прашок за печиво. И уште: лажици кисела павлака, 1 лажица шеќер.




ЗА ФИЛОТ СО СИРЕЊЕ: 400 г свежо сирење, 1 лажица шеќер, 1 лажица кисела павлака. ЗА ФИЛОТ СО ЈАБОЛКА: 400 г рендани јаболка, 1 лажица шеќер, 1 лажичка цимет. ЗА ФИЛОТ СО ВИШНИ: 400 г вишни, 2 лажици шеќер. Уште ќе ви бидат потребни и 9 дебели готови кори за пита/ролат.




ПОСТАПКА: Прво подгответе ја основната смеса на следниот начин. Измешајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер, гризот и прашокот за печиво. Додајте масло и јогурт и сè изматете со жица за матење. Оставете ја смесата да отстои настрана додека ги подготвувате филовите.




ЗА ФИЛОТ СО СИРЕЊЕ: Измешајте го сирењето со малку шеќер и павлака. Направете еднолична смеса, а сирењето бирајте го според ваш вкус, може да биде овчо, кравјо, мешано, фета…




ЗА ФИЛОТ СО ЈАБОЛКАТА: Јаболката изрендајте ги и додајте го шеќерот заедно со циметот. Ако јаболката се слатки, заобиколете го шеќерот. ЗА ФИЛОТ СО ВИШНИ: Вишните се цедат од вишокот течности и се мешаат со шеќерот. Јас користев замрзнати вишни. Ги сварив малку и ги исцедив. Ако вишните се екстремно кисели, може да се додаде повеќе шеќер.




Земете една кора, па ставете 6 лажици фил. Премачкајте ја кората, ставете ја втората кора, повторно премачкајте со 6 лажици фил, повторете ја постапката со третата кора.
На обложената трета кора премачкајте го филот со сирење по целата површина, завиткајте цврсто во ролат и префрлете во поголем плех обложен со хартија за печење.




Истото повторете го и со следните 3 кори и распоредете го филот со јаболка, па на крајот и со филот од вишни. Доколку корите излезат долги, може да ги пресечете на половина и да ги печете како 2 ролати.




Пред да се стават на печење, ролатите се премачкуваат со малку масло. Се печат во загреана рерна околу 35-40 минути на температура од 180°. Кон крајот на печењето премачкајте ги ролатите со мешавина од кисела павлака и шеќер, па вратете во рерна да се допечат уште малку, додека да фатат коричка.




Испечените и изладени ролати посипете ги со шеќер во прав (не мора да го наросувате ролатот со сирење). Исечете ги во посакуваните форми, поканете го семејството и пријателите и уживајте во преубавиот вкус. / Coolinarka.com