ТРИК КАКО ДА ГИ ИСУШИТЕ АЛИШТАТА ЗА 2 ЧАСА ЗИМНО ВРЕМЕ: Овој метод често ќе го користите…
Бидејќи живее во мал еднособен стан, Алекс Бирн со години и претставувало проблем како да ги исуши алиштата, бидејќи нема доволно простор каде да ги рашири.
Меѓутоа, еден ден и текнало како да го реши овој проблем, а потоа оваа одлична идеја ја споделила и со пријателите.
Откако ги распоредила алиштата на сушалката на расклопување, зела еден голем чаршав за кревет и го навлекла преку сушалката сосе алиштата, па го зела и го ставила покрај радијаторот.
Ова првично го направила зашто немала каде да го стави тој да се исуши.
Меѓутоа, по некое време ги проверила алиштата, тие биле речиси полусуви, па сфатила дека тој го заробил топлиот воздух и на тој начин помогнал алиштата да се исушат за два часа, тврди таа.
„Се обидував да сфатам каде да го закачам чаршафот за да се исуши, освен вратата од кујната немаше друго место, но кога би го ставила таму ќе се замириса веднаш од храната.
Сушалката најчесто ја чувам до радијаторот, особено во зима, и си помислив зошто да не го ставам чаршавот врз неа, да ги напикам краевите преку радијаторот и под ногарките на сушалката?
Така целиот топол воздух од радијаторот ќе оди внатре во облеката и тие брзо ќе се исушат“, изјавила Алекс за тоа како дошла до оваа идеја, а можете да ја погледнете ОВДЕ:
Прочитајте: „Сите ги сушевме алиштата вака, а сега има нов, тројно побрз и поефикасен начин“ – ОВДЕ.