Тридневно чистење на организмот со грозје, француски начин за слабеење и уба-вина според Матилда Томас. Матилда Томас е основач на француската линија за уба-вина „Caudalíe“, а според неа уба-вината на жената се должи на здравиот начин на исхрана и живот.




Таа во својата книга има напишано за посебни и уникатни начини за одржување на уба-вината, кои воопшто не се должат на шминкањето, туку напротив на убав природен и здрав изглед на жената. Навидум, секоја година од 1998 па до ден денес, Матилда спроведува тридневно чистење на организмот со грозје.




„Клучот за здравјето е да се јаде добро балансирана храна. Јас редовно јадам многу зеленчук и риба. Ако ми се грицка нешто во текот на денот, најчесто посегнувам по овошје, а за ужина често јадам јаболка.

бело и црно грозје / фото: NMD.mk

Навечер одбегнувам да јадам поради тоа што немам кога да ги согорам тие калории. Важно е да вежбате и да пиете многу вода во текот на денот. Убаво е понекогаш да се напиете чаша црвено вино. Виното содржи полифенолни соединенија и изобилува со ресвератрол.




Колку е поцрвено виното, толку повеќе полифеноли содржи. Покрај тоа што е важно за здравјето, го одржува и тенот и убавината на кожата“, вели Матилда. Во нејзината книга, таа го опфатила и едногодишното чистење на организмот со грозје, кое може да го прочитате во продолжение.

„Начинот на јадење е всушност многу едноставен. Сè што јадете во овие три дена е грозје. Многу грозје! Тридневното чистење на грозје го правам секоја есен од 1998 година па сè до ден денешен.




Традицијата ја прекинував само кога бев бремена. Со овој начин на деток-сикација ќе го подобрите изгледот на вашата кожа, ќе се чувствувате помалку уморни и ќе бидете помалку изложени на с трес. Покрај тоа, ќе спиете подобро и побрзо ќе ги исфрлите ток-сините од организмот, ќе ги подобрите сетилата за вкус и мирис.“




ПРИДОБИВКИ од тридневната исхрана со грозје: Подобрување на тонусот на вашата кожа, ќе чувствувате помалку замор и с трес, подобар сон, ели-минирање на ток-сините, подобрено чувство за вкус и мирис, подобрени навики во исхраната.

бело и црно грозје / фото: NMD.mk

Пред да ја спроведете оваа исхрана, треба да јадете што е можно почиста храна, пред се овошје и зеленчук и цели зрна, најмалку една седмица или повеќе пред да го започнете тридневното чистење на организмот.




Избегнувајте црвено месо, т ешки оброци, ал-кохол, кафе или какви било други пијалаци со кофеин и шеќер. Набавете многу грозје; во текот на следните три дена треба да јадете од два до пет килограми грозје или повеќе.

бело и црно грозје / фото: NMD.mk

ПРВ ДЕН. Јадете само грозје – заедно со лушпата и семките (претходно добро, добро измијте го и оставете го да отстои во раствор со сода бикарбона и солена вода). Од пијалаци, пијте само вода и зелен чај.

Подобро е да јадете мали „оброци“ грозје во текот на денот во интервали од три часа, наместо да се држите до типичните оброци за појадок, ручек и вечера. Започнете го денот со две големи чаши вода. Вечерта легнете си порано од вообичаеното.




ВТОР ДЕН. Можно е во текот на денот да имате главоболка и нормално е да чувствувате глад, но вториот ден започнува прочистувањето и во организмот се случуваат различни детокс-процеси, а евентуалните непријатни симптоми брзо ќе поминат. Следете го истиот распоред како и првиот ден.




Црното и темноцрвеното грозје имаат најмногу хранливи материи, но ако стомакот почне да ве б оли од него, јадете зелено грозје, кое полесно се дигестира. Овој ден, пешачете долго во шума или по стаза на кеј. Третиот ден следете го истиот распоред.




Кога ќе заврши тридневното чистење, четвртиот ден направете си свеж, незасладен сок од грозје и испијте го наутро на празен стомак. Ова практикувајте го во наредните 3 дена за да помогнете во зајакнувањето на придобивките од чистењето.




Редовно јадете, но придржувајте се главно на свежи и необработени производи, како што е незасладен грчки јогурт, мали количини интегрални житарици и лесни протеини како пилешко или риба.

Матилда Томас
Фото: Јутјуб Принтскрин