Три лесни и здрави начини да приготвите американски палачинки. Основната состојка во рецептите е банана. Затоа не е потребно да додавате шеќер. Палачинките се приготвуваат околу десеттина минути, а се превкусни. Од една доза излегуваат околу 3-4 палачинки, па слободно можете да ја дуплирате дозата.
Рецепт број 1
Потребни состојки:
1 банана (по можност средно – зрела)
1 јајце
Масло
Постапка:
- Исечете ја бананата на неколку парчиња во садот и испасирајте со виљушка додека не се изедначи.
- Додадете го јајцето и промешајте уште еднаш додека не се соедини добро смесата.
- Загрејте ја тавата на средна топлина и додадете малку масло во неа.
- Кога маслото ќе се загрее добро, распоредете еднакво три супени лажици од смесата во загреаната тава.
- Палачинките се печат по 2 минути на една страна. Кога едната страна од палачинката ќе добие кафеаво – златна боја, тоа е знак дека треба внимателно да ја превртите на другата страна.
Рецепт број 2
Потребни состојки:
2 банани (по можност средно – зрели)
1 јајце
1 среден морков (излупен и изрендан)
½ чаша јогурт
¼ супени лажици цимет
2 супени лажици мед
Постапка:
- Загрејте ја тавата на средна топлина и додадете 2 супени лажици масло.
- Бананата исечете ја и испасирајте во сад како во претходниот рецепт, па додадете ги јајцето, изренданиот морков, јогуртот, циметот и медот.
- Мешајте додека смесата не се изедначи.
- Печењето на палачинките се одвива исто како претходниот рецепт.
Рецепт број 3
Потребни состојки:
2 банани (средно – зрели)
1 јајце
3 супени лажици путер од кикирики
2 мали чаши овесни снегулки
1 – ½ мала лажичка прашок за пециво
1 – ¼ мала чаша млеко
1 супена лажица мед
Неколку зрна сол
Постапка:
- Во блендер измешајте ја бананата, јајцето, путерот од кикирики, овесните снегулки, прашокот за пециво, млекото, медот и малку сол. Блендирајте со голема брзина додека смесата стане мазна.
- Во средно загреаната тава додадете 2 супени лажици масло и печете како и претходно.
Филувањето на вкусните палачинки е по желба. Бидејќи бананата дава најмногу благ вкус на палачинките, можете да користете фил од свежо, кисело овошје.
Текстот за НМД.мк го обработи Мартина Христовска