Роднина на апостол Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од седумте ѓакони коишто светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Јерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон.




Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Некои од лошите Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш, поcpаменитe Евреи кои свикнале на измами и kлевети, го побунија народот и народните старешини против невиниот.




Кле-ветата против Стефан велеше дека ху-лел на Бога и на Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го потврдија. Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина, како што некогаш беше Мојсеј кога говореше со Бога.




Стефан ги отвори своите усни и ги наброја многуте добрини и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните зл-остор-ства и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличи за уб-ист-вото на Господа Христа, нарекувајќи ги предавници и кр-вни-ци.




И додека тие шкрипеа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Тогаш пак-осни-ците го изведоа надвор од градот и го у-би-ја со камења.




Меѓу неговите ма-чител-и беше и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа ма-чени-штвото на првиот ма-чени-к за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за Стефана.




Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на апостолите. Телото на светиот Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во слава првенецот меѓу христијанските ма-чени-ци и се пресели во Царството на Господ Исус Христос.




Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божиќ. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.




Свети пpвоmaченик и архиѓакон Стефан Пpвоmaченику Христов и апостолу, со добар подвиг си се подвизавал и си го изобличил безбоштвото на maчителите. Бидејќи со камења беше yбиен од рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога Му се молеше, извикувајќи: Господи, не замај им го ова за грев!




Свети Стефан секогаш се слави на 9 јануари, на третиот ден од Божиќ и една од поголемите слави. Најраспространет обичај во минатот за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотвopна moќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне poдот или напредокот.




Според обичаите жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божиќ. Некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година, туку ја чувале заради подобро здравје.