Многу лесна торта во која многу малку се става шеќер, во споредба со другите торти.
Потребни состојки: 1 литар млеко, 2 пудинг од ванила, 250 г шеќер, 3 ванилин шеќер, 1 чоколадо за готвење, 200 г мелени лешници, 200 г кокос, 200 г мелени бисквити, 1, кутија петит бисквити, 2 шлаг пена и 250 г путер/маргарин.
Постапка: Пудингот разматете го со малку млеко, а преостанатото млеко ставете го заедно со шеќерот на оган да зоврие. Тргнете го на страна и додадете го разматениот пудинг, па вратете на потивок оган и мешајте додека да згусне.
Варениот пудинг тргнете го на страна и покријте го со проѕирна фолија или повремено промешувајте го за да нефати коричка, па оставете целосно да излади. Во изладениот пудинг додадете ванилин шеќер и путер (претходно изматен), па смесата поделете ја на три еднакви делови.
Во првиот дел додадете растопено чоколадо и лешници, во вториот дел кокос, а во третиот мелени бисквити. Редете: ред бисквити, па фил со лешник, ред бисквити, фил со бисквити, ред бисквити, фил со кокос, ред бисквити и на крај целата торта украсете ја со шлаг.