Д-р Манчева: Ако детето ви е поспано или нервозно, проверете дали дише нормално додека спие

Што претставува опструктивна ноќна апнеа (ОСА)

Проблем кој влијае  на дишењето на детето за време на сон. Се јавува заради пречки во струењето на воздухот кон белите дробови. Апнеа значи пауза во дишењето од најмалку 10 секунди. Дете со опструктивна ноќна апнеа има паузи на внес на воздухот кон белите дробови, овие паузи се случуваат повремено.

Децата  кое имаат чести апнеа имаат лош квалитет на сонот. Со текот на времето, доколку не се лекува ноќната апнеа може да резултира со сериозни здравствени проблеми. Околу 10 проценти од децата ‘рчи редовно, но само околу 1-5% од децата кои’ рчат имаат ноќна апнеа .

Во кои состојби се јавува опструктивна ноќна апнеа кај децата?

Кај децата може да има повеќе фактори на ризик за ноќна апнеа. Најчести фактори на ризик за ОСА кај децата се :

– Големи крајници и / или аденоиди: Големите крајниците и / или аденоиди може да ги блокираат дишните патишта. Ова е најчестиот фактор на ризик за ОСА кај децата. Крајници и аденоиди се лимфни јазли кои се зголемуваат при инфекции, алергии, враќање на киселини од желудникот, некои видови на анемија. Многу од децата имаат големи крајници или аденоиди, но не сите ќе имаат ноќна апнеја.

– Дебелината: Децата кои се многу дебели се со поголема веројатност да имаат ноќна апнеја.

– Проблеми со мускулен тонус: Децата може да имаат проблеми со дишењето за време на сон бидејќи мускулите на грлото премногу се релаксираат и ги блокираат дишните патишта. Ова може да се случи кај секое дете, но особено кај деца со мускулна дистрофија и церебрална парализа.

– Генетски синдроми: Деца со одредени генетски болести како Даунов синдром и Prader- Willi синдром може да имаат ОСА.

– Видливи или суптилни промени во морфологијата на  лицето  и ждрелото- може да се ризик за ноќна апнеја. На пример, мала брада или грло, голем јазик или расцеп на непцето, може да резултира со OSA.

– Проблеми со контролата на дишењето: Некои проблеми во развојот  на мозокот може да има  влијае на дишењето кај  детето во текот на спиење.

– Семејна историја: Ноќна апнеја може да се јави  и кај други членви во семејството , па ризикот на детето за ОСА е поголем ако и друг член на семејството има вакви симптоми .

Како родителот да се посомнева  за ноќна апнеја кај своето дете?

Постојат многу индиции дека вашето дете може да има ноќна апнеја. За време на спиењето, вашето дете може да има:

– ‘Рчењето кое може или не мора  да биде гласно. ‘Рчењето може да е повремено во текот на ноќта, но се слуша секоја вечер.

– Да има чујно  дишење или да има глад за воздух, кога вашето дете лежи  на грб.

– Дишењето е со прекини.

– Проблеми со дишењето преку носот, децата ја држат устата отворена. Ова се забележува и во тек на денот .

– Немирен сон со често вртење или завземање на невообичаени позиција.

– Честото будење од сон

– Појава на ноќно мокрење, особено ако вашето дете веќе воспоставило контрола на свинктерите односно престанало да мокри во кревет ноќе.

Недоволното спиење ноќе може да предизвика потешкотии во текот на денот. Децата со апнеја при спиење може да имаат:

– Проблеми со вниманието или има послаби резултати во училиште.

– Хиперактивност и други проблеми во однесувањето.

– Промени на личноста како што се чудно однесување или се нервозни.

– Поспаност – заспива на час во училиште.

– Секогаш е уморно и безволно за игра.

– Има главоболки, особено во утринските часови.

– Зборува типично (назален говор).

Кои проблеми може да се случат доколку не се лекува ноќната апнеја?

Апнеите во сон може да влијаат на квалитетот на животот на вашето дете, но и на вас како родители. Непрепознавањето на оваа состојба и нејзино ненавремено лекување  може да предизвика сериозни проблеми порано или подоцна.

Некои деца можат да имаат проблеми со раст и развојот. Апнеја при спиење, исто така, може да се предизвика други медицински состојби како што се висок крвен притисок (хипертензија), срцево оптеретување.

Како можат родителите да дознааат дали нивното дете има опструктивна ноќна апнеја?

Родителот кој ќе ги забележи претходно посочените промени кај своето дете би требало да побара совет и помош кај својот матичен лекар или да се побара помош од специјалист педијатар, оториноларинголог, неуролог, ендокринолог за утврдување на причините на оваа состојба. Потврда за постоење на ОСА во тек на сон е со полисомнографско снимање кое ќе даде одговор за тежината на симптомите во текот на сон.

Снимањето се одвива  во домашни услови по претходна апликација на мал апарат (полисомнограф). Отчитувањето на наодите од снимањето ќе даде одговор на тежината на состојбата и терапевтски приод во разрешување на истата.

Д-р Благица Манчева  –

http://zmc.mk/doctor/blagica-mancheva/

Loading...