ТОРТА ЗА КОГА НЕМАТЕ ВРЕМЕ, без печење, брашно и желатин, веднаш ќе ви се најде на трпеза. Многу вкусна торта со бело чоколадо и бисквити во три слоја, толку е вкусна што едно парче не е доволно.




Потребни состојки: 250 г бисквити, 120 г растопен путер, 400 г крем сирење (маскарпоне), 50 г шеќер во прав, 300 г бело чоколадо, 450 г густ крем-хопла 33 масленост. И уште: бисквити за наросување.




Постапка: Во блендер сомелете ги бисквитите или купете ги веќе сомелени-плазма. Префрлете ги во подлабок сад и во нив додајте го растопениот путер. Смесата се соединува и се излева во калап со флексибилен обрач, обложен со хартија за печење.




Добро се распоредува и се измазнува, па се става во фрижидер 30-тина минути да се стврне. Подготовка на филот: Крем сирењето (маскарпоне) се мати со миксер, а потоа во таа смеса се додава шеќерот во прав.




Малку се промешува, па се додава 150 г од белото чоколадо, претходно растопено. Смесата се меша со лажица. Во друг сад со миксер се изматува 300 г од густата хопла со 33% масленост. Потоа хоплата се префрла во садот со бело чоколадо и маскарпоне и се се соединува со миксер.




Филот се излева врз кората и добро се измазнува, па тортата се става во фрижидер да се стврдне 2-3 часа. На крајот се подготвува глазурата од преостанатите состојки: во 150 мл хопла се додава 150 г растопено чоколадо и се соединува, да има конзистентност како пудинг.




Од тортата се вади флексибилниот обрач, па се прелива глазурата врз филот. На крајот тортата се декорира со мелени бисквити или по ваш избор. Може да се послужи веднаш или да почекате некое време да се стврдне глазурата во фрижидер. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Причитајте го и вториот рецепт:




II рецепт. Брзи и вкусни топчиња од банана и бело чоколадо, само 3 состојки, а готови за 10 минути. Рецепт на ,,Кујната на Душка” – Брзи топчиња од 3 состојки. Овие топчиња можете да ги правите во посна и непосна варијанта, а сè зависи од изборот на намирниците (за посни се користат посно чоколадо и посни бисквити).




Исто така, топчињата што ќе ги направите можете да ги поделите, па едните да ги валкате во коскос, други во мелени ореви или лешници, трети да ги потопувате во чоколадна глазура.. И така да добиете поголема разновидност.




Инаку, топчињата се приготвуваат навистина многу брзо и многу се вкусни – лапни голтни, сите уживаат во нив. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 280 г мелени кекси, 2 поголеми банани, 40 г рендано бело чоколадо или растопено на пареа, бело чоколадо за валкање на топчињата или нешто друго по ваш избор.




ПОСТАПКА: Издробете ги бананите со виљушка во подлабок сад, па додајте ги мелените бисквити и чоколадото, па заедно соединете ги во еднолична смеса. Правете ги топчињата со дланки, а доколку сакате сите да ви бидат со приближна величина, послужете се кафена лажичка при црпнувањето од смесата.

Обликуваните топчиња веднаш валкајте ги во рендано чоколадо, или кокос, или мелени кекси, ореви, лешни, чоколадни трошки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.