Уверете се и сами во совршеноста на овој рецепт. Ако имате дома банани, не пропуштајте да го приготвите овој неодолив и многу вкусен колач, а кој може да се приготви и како торта. Во продолжение ќе ви претставиме уште еден брз рецепт со банани, па изберете кој повеќе ви се допаѓа. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 24 см х 24 см или приближни димензии): 400 г бисквити по ваш избор + 100 мл млеко за натопување, 6 излупени банани (600 г без лушпа), 3 кесички шлаг во прав + 2 кесички шлаг во прав и 125 мл ладно млеко

рецепт 1




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г бисквити (плазма или петит), 3 кесички пудинг од ванила, 9 лажици шеќер или по вкус, 1 литар млеко, 200 г путер или маргарин, 1 кесичка ванилин шеќер (бурбон), 4 лажици кисела павлака, 4-5 банани и 200 мл слатка павлака за шлаг (за декорација)

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: Додека сварите кафе можете да го приготвите и овој колач, а потоа само уште да го оставите да се олади во фрижидер, толку е брз. Најпрво подгответе ги бисквитите и по потреба исечете ги за да се покрие целото дно на калапот кој ќе го користите за овој колач/




Доколку користите калап со флексибилно дно, тогаш нема потреба да го обложувате со проѕирна-стреч фолија. Бисквитите кратко натопувајте ги во млеко, а потоа наредете ги во еден ред. Ќе ви бидат потребни за вкупно 4 реда. Бананите излупете ги и испасирајте ги со виљушка или во блендер.




Во пирето од банани додајте шлаг во прав од три кесички (приближно 150 грама, помалку или повеќе), па со миксер пенасто изматете додека да добиете фин и мазен крем кој може да се мачка. Поделете го одокативно на три дела, за три слоеви фил.




Врз првиот ред бисквити рамномерно распоредете третина од филот и израмнете. Постапката повторувајте ја додека да го потрошите материјалот, а кога ќе го наредите и четвртиот ред бисквити, целата торта оставете ја во фрижидер да се стегне еден час.




По изминатото време изматете шлаг од две кесички шлаг со 125 мл ладно млеко, па премачкјате ја целата торта, па декорирајте со рендано црно и бело чоколадо или по ваш вкус. Изладете уште еден час пред сечење, или најдобро преку цела ноќ. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Ставете млеко, шеќер и ванилин шеќер да зовријат. Од 1 литар млеко одвојте малку за разматување на пудингот. Сварете го пудингот вообичаено и додека е сè уште врел, додајте путер исечкан на листови. Промешајте додека тој да се растопи и соедини со пудингот.

Додајте кисела павлака и повторно изматете со миксер или енергично со жица маталка. Бисквитите искршете ги, не мора да бидат многу ситни, па додајте ги во топлиот пудинг. Добро промешајте.




Во плех со средна величина (претходно намастен со путер или обложен со проѕирна-стреч фолија) излејте половина од смесата и израмнете. Бананите пресечете ги надолжно на половина, наросете ги малку со лимонов сок и наредете ги една до друга. Излејте го остатокот од смесата одозгора, израмнете и оставете да излади.

Изладениот колач декорирајте го со изматена слатка павлака како шлаг. Можете да направите и чоколадна глазура така што во загреана слатка павлака ќе додадете искршено чоколадо. Промешаната смеса оставете ја малку да излади, а потоа нанесете ја врз колачот.