Рецептот го добив од тетка ми. Штом ја пробав, сфатив зошто така ја нарекле. Тортава е вистинско волшепство од вкусови. Излегува голема, па одлична е за родендени или други свечени пригоди. Запишете си го рецептот и ставете го во омилени. Рецепт на Боби.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мерките се за 1 кора, а потребно е да испечете 3 вакви): 5 белки, 8 супени лажици шеќер, 5 супени лажици мелени лешници, 2 супени лажици брашно.

ЗА ФИЛ 1: 1 литар млеко, 15 жолчки, 10 лажици шеќер, 10 лажици брашно, 200 г шеќер во прав, 250 г несолен путер/маргарин, 200 г црно чоколадо. ЗА ФИЛ 2: 200 мл млеко, 150 г мелени лешници, 1/3 од филот 1. И УШТЕ: 400 + 200 мл слатка павлака. За глазура: 150 г чоколадо + 5 лажици масло




ПОСТАПКА (за корите): Добро изматете ги белките додека да станат пенасти, па започнете постепено да го додавате шеќерот и продолжете со матењето додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите.




Намалете ја брзината на миксерот (или уште подобро, продолжете го мешањето со лажица или рачна маталка), па додајте го просеаното брашно, лажица по лажица, а потоа и мелените лешници. Мешајте бавно за да остане смесата пенлива и воздушеста.




Постапката повторете ја трипати, односно додека се пече првата кора, вие пригответе ја вотрата, а потоа и третата. Добиената смеса се истура во плех со димензии 38х22 см, претходно намастен и наросен со брашно (вишокот брашно истресете го). Се печат во загреана рерна на 180 степени додека кората да почне малку да се одделува од рабовите на плехот.




ЗА ФИЛ 1: Од еден литар млеко одвојте малку во посебен сад, па растворете ги жолчките во него и убаво изматете ги. Додајте го брашното, па изедначете (со маталка, но може и со миксер), додека да добиете изедначена смеса без грутчиња.




Остатокот од млекото ставете го на оган заедно со шеќерот, па штом зоврие намалете ја температурата или потргнете го тенџерето настрана и додајте ја мешавината од млеко, жолчки и брашно. Вратете на оган и мешајте непрекинато додека да се свари и згусне како пудинг.




Сварениот фил оставете го настрана да се олади до собна температура, со повремено промешување или покриен со проѕирна фолија/кеса за да не фати коричка. Потоа пенасто изматете го путерот (омекнат на истата собна температура) заедно со шеќерот во прав.




Во кремастиот путер започнете постепено да го додавате оладениот фил, лажица по лажица, па матете додека да добиете изедначена нежна кремаста смеса. Од овој фил одвојте една третина кој треба да го додадете во вториот фил. Растопете го чоколадото на пареа и додајте го во остатокот од филот (2/3), па промешајте. Така, филот 1 е готов.




ЗА ФИЛ 2: загрејте го млекото па прелијте го преку мелените лешници (да се попарат). оставете ги да се оладат целосно, а потоа соединете ги со едната третина од филот 1. Изматете пенасто 400 мл слатка павлака (ако премногу ја изматите и стане премногу цврста, додајте малку млеко за да биде нежна).




РЕДЕЊЕ: кора, половина фил 1, изматена слатка павлака, кора 2, фил 2, кора 3, втора половина од фил 1. По желба ставете чоколадна глазура и изматете 200 мл слатка павлака за декорација на тортата од страните (горе треба да биде чоколадна). наместо лешници може да користите ореви.