За 10 порции потребно е:
250 г Брашно за колачи од Жито Лукс
4 јајца
200 г шеќер
80 г скробно брашно
120 мл масло
120 мл млака вода
рендана кора од лимон
сок од половина лимон
За крем:
3 жолчки
2 лажици скробно брашно
5 лажици шеќер
300 мл млеко
кора и сок од еден лимон.
ПОДГОТОВКА:
Прво пригответе го кремот: во еден сад изматете ги жолчките со шеќерот и скробното брашно па додадете шолја млеко и измешајте.
Загрејте го млекото во шерпа на умерена температура, па кога ќе проврие тргнете од рингла и вмешајте ја приготвената смеса со жолчките.
Потоа вратете на оган и мешајте додека да се згусне. На крајот додадете рендана кора од лимон и сок од лимон, па оставете да излади.
Потоа направете го пандишпанот: изматете јајца и шеќер во пенаста смеса, додадете масло, млака вода, кора и сок од лимон, па додадете брашно, скробно брашно и сето добро соединете го.
Печете во калап (22см) претходно намастен со путер и поросен со брашно.
Ставете ја смесата за колач, па преку неа распоредете го кремот од лимон.
Печете околу 40 минути на 180 степени. Послужете кога ќе излади.