За 8 лица потребно е:
200 г Брашно за колачи од Жито Лукс
250 г издробено кравјо сирење
4 јајца
200 г шеќер
2 јаболка
портокал
50 г скробно брашно
шеќер во прав
путер за подмачкување
ПОДГОТОВКА:
Јаболката излупете ги, исечете ги на четвртини, а потоа исечкајте ги на тенки ленти, ставете ги во чинија, поросете ги со две лажици шеќер во прав и прелијте со сок од половина портокал.
Во посебна чинија изматете јајца со преостанатиот шеќер (околу 10 минути) додека да добиете пенаста смеса.
Потоа нанесете сирење, преостанатиот сок од портокал, брашното за колачи од Жито Лукс и скробно брашно, па сето добро изматете го.
Смесата за колач истурете ја во калап (24см) претходно намастен со путер и обложен со хартија за печење.
На дното наредете ги половина од јаболката, потоа ставете ја смесата за колач и прекријте со останатите јаболка.
Печете околу 60 минути на 180 степени. Кога ќе излади поросете со шеќер во прав и послужете.