Се топи во уста!
Потребни состојки: 1 литар млеко, 2 пудинг од ванила, 250 г шеќер, 3 ванилин шеќер, 1 чоколадо за готвење, 200 г мелени лешници, 200 г кокос, 200 г мелени бисквити, 1 кутија петит бисквити, 2 шлаг пена, 250 г путер/маргарин
Постапка: Пудингот сварете го според упатството во литар млеко и 250 г шеќер. Мешајте постојано додека да згусне па оставете убаво да излади.
Изматете го пенесто путерот со ванилин шеќер, па додадете го во пудингот. Добиената смеса поделете ја на три еднакви делови.
Во првиот дел промешајте растопено чоколадо и лешници, во вториот кокос, а во третиот мелени бисквити.
Редење: Базата од бисквити, па чоколаден фил, па ред бисквити, па фил со мелени бисквити, ред бисквити па фил од кокос и на крај целата торта ја украсувате со шлаг. Позната е и како песок торта.