Чепкајќи по тефтерот на мајка ми со рецепти, го најдов овој, го направив и се воодушевив! Единствена мана е што веднаш се изедува!
Потребни состојки:
6 јајца
180 г шеќер
180 г путер
280 г мелен мак (семе од афион)
2 реда рендано чоколадо
1 мала кафена шолја рум
За глазура:
100 г чоколадо
1 лажичка шеќер во пав
3 лажици масло
џем од кајсии за премачкување
Постапка:
Добро изматете ги жолчките со шеќер и омекнат путер, па додадете мак, рендано чоколадо и рум.
Изматете цврст снег од белки па спојте ги смесите.
Напомена за младите домаќинки: никогаш не го истурајте снегот од белки (шне) одеднаш и не матете. Додавајте постепено и полека, а со лажицата “превртувајте” за да остане смесата воздушеста.
Смесата излејте ја во калап 26 обложен со хартија и печете на 180 степени.
Печената кора премачкајте ја со џем од кајсии па вратете во исклучената рерна уште минутка да се засуши.
Одозгора нанесете глазура.