Потребни состојки:

120 г црно чоколадо

120 г шеќер

120 г путер

220 г бисквити

За подмачкување:

½ лажица путер

За глазура:

220 г црно чоколадо

За украсување:

20 г чоколадо и малку мелени бисквити или ореви

Постапка:

Калапот подмачкајте го со путер и обложете со хартија за печење.

Искршете ги бисквитите на поситни парчиња.

Путерот пенесто изматете го заедно со шеќерот, па додадете растопено чоколадо и матејќи додадете јајце. Додадете ги искршените бисквити и добро промешајте со лажица, па истурете во калапот, израмнете и оставете во фрижидер да излади најмалку три часа.

Прелијте со глазура од растопено чоколадо па оставете на собна температура.

Украсете со рендано чоколадо и мелени ореви.