За малку сета ќе ја изедевме кога ми текна дека можам да го напишам рецептот, бидејќи е навистина одлична торта, а сликите можеа да бидат и подобри, само ако се сетев порано да ја изнасликам.

Тортата се приготвува многу лесно и едноставно. Нема печење за основниот бисквит, а потоа со миксер се мати вкусниот крем и на крај се прелива со чоколадна глазура. Во продолжение може да прочитате уште еден многу вкусен рецепт, кој читателите на НМД.мк го обожаваат – киндер буено торта, лесна и брза. Еве што ви е потребно:

Coolinarka.com

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 400 г бисквити, сладено млеко, околу 200 г (или повеќе) Нутела или друг чоколаден намаз по вкус, половина чаша млеко. ЗА КРЕМ: 600 мл млеко, 2 кесички (37 г) пудинг од ванила, 6 или 7 лажици шеќер, 250 г маскарпоне, 300 мл слатка павлака, 1 кесичка ванилин шеќер. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г млечно чоколадо, 100 г темно чоколадо, 200 мл сладок млечен крем.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 3 јајца, 8 г ванилин шеќер (една кесичка), 150 г шеќер, 100 мл масло, 200 мл вода, 280 г брашно, 10 г прашок за печиво (една кесичка), 2 супени лажици какао во прав, 200 мл млеко. ЗА БЕЛИОТ КРЕМ: 400 мл слатка павлака, 250 г маскарпоне и 3 супени лажици шеќер во прав. ЗА ГЛАЗУРА: 180 г чоколадо и 100 мл слатка павлака или млеко.

втор рецепт

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: За да го подготвите кремот во 600 мл млеко сварете две кесички пудинг со шеќер и ванилин шеќер според упатството на кесичката. Кога пудингот ќе ја добие потребната густина, префрлете го во сад, покријте го со фолија и оставете го да се излади.

Изладениот пудинг изматете го накратко со миксер за да се разреди, па додајте го со шпатула маскарпонето, постојано миксирајќи, додека сѐ да се соедини во цврст крем. Посебно изматете ја слатката павлака и со шпатула нежно соединете ја со кремот за пудинг.

Подгответе плех со димензии 23×30 см или слични димензии. Потопете ги бисквитите кратко во замлачено млеко и наредете ги во плехот. Чоколадниот намаз (нутела или друг крем) загрејте го неколку секунди во микробранова печка или на пареа, за полесно да го намачкате на бисквитите. Намачкајте ги бисквитите и ставете го вториот слој бисквити, исто така натопени во млеко.

Кремот намачкајте го врз базата за бисквити, израмнете ја површината и ставете го во фрижидер. За глазурата загрејте го кремот за готвење до точка на вриење и тргнете го од оган. Додајте ги исечканите чоколада и мешајте додека сѐ да се стопи.

Оставете глазурата да се излади на собна температура, па прелијте врз тортата. Се остава во фрижидер неколку часа или по можност преку ноќ. Следниот ден се сече на коцки (по можност со загреан нож) и се сервира.

Доколку користите бисквити за основата, добро би било да ги натопите во млако млеко или да ги чувате малку подолго во ладно млеко. Така бисквитот подобро ќе омекне и нема да биде проблем при сечењето. / Сoolinarka.сom. Вториот рецепт може да го прочитате ОВДЕ.