Доколку некогаш немате идеја за празнична торта, направете ја оваа вкусна и лесна торта која може да ја декорирате според кинескиот филозофски концепт – јин и јанг. Рецептот го претстави Наташа на нејзиниот јутјуб канал, а за оваа декорација доби многу пофалби. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 4 јајца, 250 г шеќер, 1,5 лажиче сода бикарбона, 1 лажица оцет, 1 кесичка ванилин шеќер, 1,5 лажици незасладено какао во прав, 350 г кисела павлака (секаква содржина на маснотии, што е најважно свежа), масло за подмачкување на калапот. ЗА КРЕМОТ: 650 г масна павлака, 200 г шеќер.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете ги четирите јајца, кои е потребно да бидат на собна температура. Додајте 250 г шеќер и започнете да матите со миксер додека јајцата да побелат и да го зголемат својот волумен, а шеќерот да се растопи во нив.
Додајте го ванилиниот шеќер, изматете накратко уште малку, па додајте го оцетот, помешан со сода бикарбоната. Излејте 350 г кисела павлака и изматете сѐ заедно во еднолична смеса. Потоа, постепено започнете да го додавате брашното, ќе ви биде потребно 300 г, но оставете настрана уште 2 лажици.
Изматете го брашното нежно со миксер за да не спласне или соединувајте го со шпатула. Соединете во еднолична смеса со погуста конзистентност. Вака подготвената смеса поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел додајте ги преостанатите 2 лажици брашно, соединете, а во другиот дел додајте го какаото и измешајте, додека да добиете темна смеса.
Двете смеси печете ги одделно во ист калап, прво испечете ја белата, а потоа темната смеса. За да го добиете впечатливиот изглед на јин и јанг, најдобро е тортата да ја печете во класичен калап со флексибилен обрач. Обложете го калапот со хартија за печење и секоја кора печете ја 25-30 минути, на 160 степени, со проверување.
Оставете ги бисквитните делови да се оладат, а потоа пресечете ги испакнатите делови кои ќе се надигнат за време на печењето. Секој испакнат дел посебно сомелете го или изронете го и тргнете ги настрана. Овие делови служат за декорирање на тортата.
Поделете го секој дел на два еднакви дела, така што ќе добиете 4 кружни бисквитни кори. ЗА КРЕМОТ: Изматете ја масната павлака (крем сирењето) со шеќерот во цврстиот крем. РЕДЕЊЕ: Бела кора, крем, темна кора, крем, бела кора, крем, темна кора, крем за премачкување на целата торта.
Тортата на крајот се декорира со изронетите делови како јин и јанг, така што ќе направите две полумесечини, а на секој дел ќе направите круг од другата боја од изронетата кора. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.