Веќе повеќе од сигурно е дека на врвот меѓу најздравите најмирници на земјата спаѓа ѓумбирот.
Оваа билка обилува со лековити својства, меѓу кои и најважните: намалува воспалување, поттикнува добра дигестија и го јакне имунитетот.
Својот вкус и мирис ѓумбирот им го должи на неколку различни етерични масла: гингерол, шогаол и зингерон.
Овие состојки имаат навистина моќни антипаразитски, антигабични, антивирусни и антибактериски својства, и придонесуваат за намалување на болката, подобрување на здравјето, особено на кардиоваскуларниот систе, ублажување на астмата, јакнење на имунитетот, а исто така, го стимулираат дигестивниот систем и неговата функција.
Предностите на ѓумбировиот чај се следните:
-претставува неверојатен лек за лекување на воспалени мускули,
-лекува настинки и грип
-ги намалува болките, особено главоболките
-ги намалува мачнините
-го поттикнува метаболизмот
-помага во слабеење
-помага во регулирање на столицата
-помага во прочистување на црниот дроб
-го намалува ризикот од мозочен удар
-ги прочистува крвните садови
Ѓумбирот е еден меѓу ретките кој како зеленчук има способност да ја подобрува циркулацијата и снабдувањето со кислород, минерали и витамини во клетките на телото.
Покрај тоа, високиот процент на антиоксиданти успешно ги елиминираат инфекциите и го подобрува имунолошкиот систем.
Потребни состојки:
½ чаша кокосово млеко
½ чаша вода
½ лажичка куркума во прав
½ лажичка ѓумбир во прав
Постапка:
Ставете водата да зоврие па додадете ги ѓумбирот и куркумата. Намалете ја температурата и оставете на многу тивко да се вари 7-10 минути.
Потоа додадете го млекото и добро промешајте. Доколку користите свеж корен од ѓумбир и куркума, после варењето процедете го чајот.
Можете да го подобрите вкусот со додавање на некој органски мед. Уживајте во најздравиот напиток што постои!