Ако имате дома 4 големи јаболка, тогаш не пропуштајте го да го направите овој десерт. Колачите излегуваат многу вкусни, се приготвуваат многу брзо од мелени кекси и на крај се прелеваат со пудинг.
Слатките топки ќе ги приготвите дури сварите кафе. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 големи јаболка или 6 поситни,
50 г кристал шеќер,
цимет по желба и малку чоколадо во прав (или засладено какао),
50 г растопен путер или маргарин,
150 г мелени кекси,
100 г ореви.
За прелив:
400 г млеко,
50 г шеќер и
1 кесичка пудинг со вкус на чоколадо (40 г)
ПОСТАПКА:
Јаболката излупете ги, па изрендајте ги на крупната страна од рендето. Додајте шеќер, малку цимет за арома и мирис, малку чоколадо во прав (приближно една лажица, а може да користите и засладено какао или мешавина за топло чоколадо).
Вака зачинетите јаболка ставете ги рингла загреана на умерена температура и запржете ги со непрекинато мешање додека да се соединат вкусовите, а јаболката да ги испуштат својот сок. Продолжете со динстањето додека да омекнат.
Вака издинстаните јаболка претурете ги во подлабок сад, па постепено додавајте ги мелените бисквити.
Не ја додавајте целата количина одеднаш, бидејќи во зависност од сочноста на јаболката како и нивната големина, можеби ќе ви треба малку повеќе или помалку бисквити.
Додајте ги и мелените ореви, па промешајте со лажица или шпатула додека сите состојки да се соединат. Во оваа мешавина додајте го путерот, претходно растопен на тивок оган/пареа или во микробранова печка.
Откако добро ќе ги измешате сите состојки, треба да добиете компактна смеса која не е ниту премногу влажна, ниту премногу сува, а која лесно се обликува со раце.
Потоа црпете од смесата и со помош на дланките обликувајте топки со големина по ваш избор.
Слатките топки редете ги во плех или калап со средна големина. Потоа пригответе го пудингот на вообичаен начин: во тенџерето ставете млеко, шеќер и пудинг (јас ставив две кесички, но добив многу густ пудинг, што значи дека една кесичка е сосем доволна).
Измешајте добро за да се раствори шеќерот и да нема грутчиња, па сварете го пудингот на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне.
Пудингот не треба да биде многу густ, туку полутечен, па прелијте го преку топките, а одозгора наросете мелени кекси/ореви/лешници. Изладете пред послужување. Деталите погледнете ги ОВДЕ.