Потребни состојки (за едно лице):
1 поголема тиквица
По желба рендан кашкавал
1 јајце
3 лажици кисела павлака
Малку сол, сув зеленчук (вегета)
Постапка:
Тиквичките исечкајте ги на тркалца и наросете ги со вегета.
Огноотпорниот сад намастете го со малку маслиново масло или путер, па наредете ред тиквички, малку рендан кашкавал, па повторно тиквички, рендан кашкавал и повторно тиквички и се’ така додека да ви се потроши материјалот.
Во еден сад изматете го јајцето со кисела павлака, малку посолете и зачинете по вкус, па прелијте преку тиквичките.
Најгоре изрендајте кашкавал и ставете да се запече.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10-12 минути.
Ако сакате можете да додадете и месо.