Рецепт и видео прилог на CooKing рецепти – Сочен гриз колач
Сочен гриз колач со јаболка и ореви, прелиен со прекрасен чоколаден прелив. Се мери со шолја од 250 мл.
Потребни состојки: 2 јајца, ½ – 1 шолја (од 250 мл) шеќер, по вкус, 1 шолја (околу 240 г) гриз, 5 г прашок за печиво или сода бикарбона, 3-4 јаболка (околу 650 г), 1 шолја крупно мелени ореви (околу 150 г), 10 г ванилин шеќер (1 кесичка), 1 лажичка цимет, 4 лажички какао (7-10 г), ½ шолја масло (125 мл) и 1 шолја (250 мл) јогурт
За прелив: 1 шолја (250 мл) млеко, 100 г чоколадо, ½ шолја шеќер, може и помалку, 50 г путер или маргарин и 3 лажички какао
Постапка: Оревите сомелете ги и помешајте ги со една шолја гриз. Во сувата мешавина додадете 1 лажичка прашок за печиво и 4 лажички какао во прав. Промешајте.
Пенасто изматете две јајца со половина или цела шолја шеќер (по ваш вкус), додека да згуснат и побелат. Додека матите со миксерот додадете половина шолја масло, па една шолја јогурт и на крај намалете ја брзоната и додадете ги сувите состојки. Изедначете.
Јаболката излупете ги, изрендајте ги, додадете една лажичка цимет и една кесичка ванилин шеќер. Јаболката додадете ги во изматената смеса и промешајте за да се соединат.
Калап со средна величина намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја приготвената смеса. Ставете да се пече во загрена рерна на 200 степени околу 40 минути. Проверете со чепкалка.
За прелив: Во тенџере ставете 250 мл млеко, 100 г чоколадо, 50 г путер, 3 лажички какао и половина шеќер или по вкус. Откако ќе проврие варете уште една минута на тивок оган со постојано мешање. Потоа оставете ја глазурата 2-3 минути да подизлади.
Бисквитот избоцкајте го на повеќе места и додека е врел прелијте го со топлиот чоколаден прелив. Почекајте 5 минути па исечете го на коцки. Оставете да излади, па послужете го. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: