Толку е вкусно и брзо што овој десерт го правам двапати седмично…Чоколадни топчиња со бисквити, без печење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г бисквити, искршени
120 г кикирки (или ореви), сечкани
120 г шеќер
60 г какао во прав
250 г млеко
150 г путер

За глазура:
80 г млечно чоколадо
80 г црно чоколадо
20 мл масло

ПОСТАПКА:

1.Измешајте ги бисквитите и кикириките. Во тенџере измешајте шеќер и какао, па постепено додавајте го млекото. Доведете до вриење непрекинато мешајќи, па додајте го путерот.

2.Мешајте додека да се растопи и згусне, па смесата сипете ја во бисквитите. Промешајте, покријте со најлонска фолија и оставете да се олади.

3.Црпете со лажица и со намастени дланки обликувајте топчиња. Оставете ги во фрижидер да се стегнат 1-2 часа.

4.На пареа или во микробранова печка растопете ги чоколадите со малку масло. Спуштајте ги топчињата во глазурата и оставете ги врз хартија да се стегнат.

5.Оставете ги во фрижидер 20 минути пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/G9aYh8aV_KY?si=OaosCYcoSgJDS9Mj